Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 4.534 нови случаи на заболени од Ковид-19, најголма дневна бројка од стартот на епидемијата. Досега највисок дневен број на новозаразени во Хрватска беше 4080.

Во истиот период починале 48 пациенти, со што вкупната бројка на жртви од вирусот се искачи на1.964.

Според најновите податови на Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска, бројот на активни случаи денеска изнесува 23.942. Меѓу нив 2.501 пациент се лекуваат во болница, а од нив на респиратор се 258 пациенти.

Вкупно се тестирани 780.257 лица, од кои 11.166 во последните 24 часа.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 139.415 заразени со корона вирус, а оздравеле 113.509 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.