Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 190 новозаразени со Ковид-19, а во истиот период починаа тројца пациенти.
Во моментот активни се 1.316 случаи. Во болница се лекуваат 280 пациенти, а на респиратор се 23 лица.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска се потврдени вкупно 16.197 случаи со корона вирус, од кои 272 се починати, а 14.609 оздравени.
До денеска во Хрватска се тестирани 292.969 лица, од кои 3.945 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.