Во Хрватска денеска пристигнаа првите 3.600 дози вакцини од американската фармацевтска компанија „Модерна“, објави на Твитер портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ.

„Целокупната прва транша ќе биде испратена за вакцинирање на луѓето против ковид-19 во Сисачко-мославичката жупанија“, напиша владиниот портпарол во твитот во кој објави фотографии од првите дози на вакцината на „Модерна“ што пристигнаа во Хрватска.

Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.