Во земјотресот во Хрватска се оштетени 8.928 згради, изјави жупанот Иво Шиниќ по координативната сесија на Главниот штаб на округот во Сисак.

Од 8.928 објекти во кои е пријавена штета, 20% се целосно срушени или сериозно оштетени и повеќе не можат да се користат, за 24% од објектите ќе биде потребен дополнителен статички преглед, а 54% од објектите може да се користат и покрај штетата.

Бројот на оштетени згради сигурно ќе биде поголем, бидејќи извештаите сè уште не се готови, рече Шиниќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.