Во Хрватска и Црна Гора регистрирани случаи на омикрон

Балкан 04.12.2021 / 22:50

Новиот сој на корона вирусот, омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација, која првпат ја објави „Јутарњи лист“ во петокот, ја потврдија и во Институтот Руѓер Бошковиќ преку кусо соопштение.

Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице од Јужноафриканската Република.
Првите случаи на заразени со сојот омикрон коронавирус се регистрирани и во Црна Гора. Заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

-Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми – се вели во соопштението од институтот.
Едно лице заразено со нов вид на коронавирус пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.