Во Хрватска до денеска повеќе од 20.000 луѓе се вакцинирани против коронавирусот, вклучувајќи 37 проценти од здравствените работници и 56 проценти од корисниците на домови за стари лица, изјави министерот за здравство Вили Берош.

Според него, Хрватска во моментов е петта во ЕУ и 12-та во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители.

На отворениот дел од владината седница, Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Берош рече дека во земјотресното подрачје на округот Сисак-Мославина, заклучно со 6 јануари, речиси 2.000 дози вакцини биле доставени до службите за итни случаи, цивилите и здравствените работници.

Намерата е да се пренасочат одредена количина вакцини од другите окрузи кон тој округ со цел да се овозможи вакцинирање на 800 лица неделно.

Берош исто така рече дека Хрватска резервирала 715.970 почетни и 284.000 дополнителни дози од вакцината на „Модерна“, кои се логистички попрактични, па затоа се очекува полесна вакцинација на терен, објавија хрватските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.