Министерот за внатрешни работи на Хрватска и шеф на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нови мерки против ширење на заразата со коронавирус, вклучително и забрана за напуштање на престојот и запирање на меѓуградскиот сообраќај.

Божиновиќ најави дека во текот на денот во Хрватска ќе биде забранет меѓуградскиот сообраќај, што се однесува на автобусите, но и автомобилите.

Денеска е последен ден кога ќе може да се одвива меѓуградскиот сообраќај со приватни автомобили и на секој друг начин, рече Божиновиќ.

Тој ги повика сите што го напуштиле Загреб по земјотресот да се вратат во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.