Во Србија во која е прогласена вонредна состојба денеска се регистрирани седум нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени се искачи на 55. До утрово во 8 часот во Србија е направен 301 тест.

Утринава, пак, премиерката Ана Брнабиќ, рече дека доколку не се почитува препораката на владата постарите луѓе да останат дома ниту една мерка нема да даде резултат и дека доколку и понатаму има многу луѓе на улиците, ќе биде воведен полициски час.

Во Хрватска се регистрирани 56 случаи на коронавирус, вклучувајќи и двајца лекари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.