Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 2.848 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи е вкупно 15.356 луѓе.

Националниот штаб за цивилна заштита објави дека меѓу нив, 1.278 пациенти се во болница, од кои 122 се на апарати за дишење.

Во последното деноноќие починале 29 пациенти.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, забележани се вкупно 59.415 лица заразени со корона вирусот, од кои 683 починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.