Во последните 24 часа се евидентирани 287 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 1.588 лица.

Меѓу нив, 334 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Починати се четири лица, од последното ажурирање.

До денес се тестирани вкупно 333.241 лице, од кои 4.849 во последните 24 часа.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 18.084 лица заразени со новиот корона вирус, од кои 304 починале, a вкупно 16.192 закрепнале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.