Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро заклучно со 19 часот по локално време во цела Грција биле регистрирани 44 шумски пожари, а интервенирале 382 вкупно пожарникари со 156 возила, пет големи и четири мали авиони и пет хеликоптери, соопшти грчката Противпожарна служба.
Сѐ уште е активен и не е ставен целосно под контрола пожарот што изби вчера во близина на античка Олимпија, а пожарникарите и во текот на ноќта се справуваа со огнените јазици.
Според картата за прогноза на опасност од пожари на Генералниот секретаријат за цивилна заштита, за денеска се предвидува голема опасност за областите Евија и Атики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.