Поради држење приватни часови и дополнителна настава за учениците, и покрај владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, во Грција се уапсени пет лица во три различни случаи.

Како што соопштија од грчката полиција, во областите Епир и северна Грција бил уапсени тројца сопственици на приватни училишта за дополнителна настава на учениците и еден професор, кои и покрај забраната за работа на образовните институции, држеле часови.

Од истата причина, била уапсена и професорка која држела приватни часови.

Сите уапсени ќе бидат изведени пред јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.