Од почетокот на месецов, Грција бележи постојан раст на бројот на заболени со коронавирус.

Во последните 24 часа се забележани 177 новозаболени, а едно лице починало. Сепак, денешниот број на заболени е понизок од оној вчера, кога имаше рекордни 269 заболени и пет починати, како и од завчера кога беа регистрирани 251 заразени и шест починати.

Според здравствените власти, вкупниот број на заболени во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 9977 лица, починале 260, а оздравеле 3804 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.