Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 75 нови случаи на Ковид-19, а во изминатите 24 часа починаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи само четири се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Според грчките медиуми најголемиот број од новозаразените се во поширокиот дел на Атина – 19, во Солун 15 и 13 во Кавала.

Три случаи пак се кај членови на машката ватерполо репрезентацијата на Грција.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 4.662 случаи на Ковид-19, а починаа 208 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.