Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, а починале уште 85 лица.

На редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу соопшти дека и понатаму продолжува притисокот на Одделите за интензивна нега во северна Грција, иако епидемиолошките податоци покажуваат намалување, како во однос на процентот позитивни случаи од направените тестови, така и во однос на индексот Рт што е под еден.

Папаевангелу истакна дека е јасно дека „мерките не се почитуваат од сите, тоа се  гледа од движењето на улиците“.

Професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис изјави дека бројот на новозаразени во измината седмица во Солун е намален за 20, а во Атина за 30 отсто, но сепак дека е висок е бројот на активни случаи и е на исто ниво како и на почетокот од месецов.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 105.271 случаи, а почина 2.406 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.