Дополнителните рестрикции, како полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, што во Грција се воведуваа повремено, на локално ниво, во црвените зони со влошена епидемиолошка состојба, повеќе нема да бидат опција за воведување нови мерки, а во иднина се ќе си функционира регуларно, но со ограничувања за невакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.
Во затворените простори наменети само за вакцинирани лица, односно во угостителските објекти, ноќните клубови, баровите и сл, нема да постојат никакви ограничувања.
Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а новите одлуки на грчката Влада, стапуваат во сила во сабота и ќе се ажурираат секои 15 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.