Родителите на децата од пет до 11 години во Грција, од денеска можат да закажат термин за вакцинација на нивните деца, која ќе почне следната среда.
Платформата за пријавување и закажување термин е веќе отворена, се очекува во понеделник во земјата да пристигнат вакцините на „Фајзер“ наменети за децата, со оглед на тоа дека дозите се помали.
Вакцинацијата ќе се изведува во болниците. Во првата фаза ќе бидат отворени центри за детска вакцинација во 75 делови на Грција, додека, пак, за островите и за оддалечените места предвидени се мобилни единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.