Бројот на жртви од коронавирусот во Грција, се зголеми на 20 лица, откако денеска беше соопштено од претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, дека уште три лица починаа, додека пак потврдени се 48 нови случаи, односно вкупно 743 лица во земјата се заразени со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Хоспитализирани се 134, од кои 60 отсто се мажи, додека пак 45 се приклучени на апарати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.