Во оваа фаза во која се наоѓаме во пандемијата, не може да се предвиди кога Грција би ги отворила границите, вели Григорис Тасиос од Здружението на хотелиери на Халкидики и Панхеленската хотелска федерација за срспките медиуми.

Сè зависи од текот и ефикасноста на вакцинацијата во земјите. Не е едноставно ни лесно, сигурно ќе биде потребно доста време. Во туристичка смисла, првите четири месеци од 2021 година веќе ги сметаме за изгубени, а најдоброто сценарио, на кое се надеваме, е дека ќе успееме да отвориме барем за прославата на Велигден. Од наша страна, хотелиерите за тој период ќе направад сè што е во нивна моќ, ќе превземеме иницијативи за надоградување на услугите на компнените граници и сакам да верувам дека ќе се помине во ред и дека Велигден ќе го славиме со нашите пријатели од Србија, вели Тасиос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.