Како што е најавено, Грција ќе ги отвори своите граници за странски туристи на 14 мај и за влез кај нашиот јужен сосед ќе бидат прифатливи сите вакцини против ковид-19, а не само оние одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Според здравствените протоколи што ги усвои Грција, објавени на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра-Зенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (Спутник).
Исто така, нагласено е дека вакцинирањето не е задолжителен услов за влез во Грција, туку доволен ќе биде и негативен ПЦР тест којшто не е постар од 72 часа, односно доказ за прележан ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.