Во Грција се потврдени 33 случаи на Омикрон варијантата на корона вирусот, од кои 18 се на островот Крит. Претседателот на Националната организација за јавно здравје, Теоклис Заутис, соопшти дека има и 98 сомнителни случаи, кои се испитуваат, но за кои 98-99 отсто е сигурно дека и тие се Омикрон.
Заутис објасни дека заразените имаат благи симптоми и дека само две лица биле хоспитализирани, но без да постојат компликации од вирусот.
Истовремено тој додаде дека се очекува во Грција да се зголеми бројот на случаи на новата мутација, а со новите мерки целта е да се намали нејзиното ширење.
Во однос на дневните податоци за Ковид-19, во последните 24-часа се регистрирани 6.667 нови случаи, починаа 71 пациент, а 655 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. Од нив 548 случаи, односно 83,66 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
На редовна прес конференција за текот на пандемијата во Грција, професорката Вана Папаевангелу соопшти дека во земјата има околу 37.000 активни случаи, а намален е бројот на хоспитализирани, кои се помалку од 3.000 лица.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.056.583 случаи на Ковид-19, а починале вкупно 20.198 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.