За патување со авион во внатрешноста на Грција, децата од четири до 11 години потребно е да имаат негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно селф тест, јави дописничката на МИА од Атина.
Во рамките на новите мерки што стапија вчера во сила, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција објаснуваат дека од денеска селф тестот е задолжителен за децата од четири, а не од петгодишна возраст како што беше првично соопштено.
Согласно новите здравствени протоколи за патување со авион кон сите дестинации во Грција, сите патници со наполнети 12 години потребно е да имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена, да имаат потврда за прележан Ковид-19 во изминатите шест месеци или негативен рапид тест направен 48 часа пред патувањето.
За странските туристи, како што соопштија од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, важат истите правила и истите документи што се потребни и за влез во земјата, доколку сè уште се валидни во моментот на патување со авион кон некоја грчка дестинација.
Паралелно, маската е задолжителна и на аеродромите и за време на летовите, а во случај патникот да не носи маска, нема да му биде дозволен влез во авион
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.