Во Грција во последните 24 часа се потврдени 33 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 4.110, соопшти Националната агенција за јавно здравје.
Најмногу нови случаи, 10 се забележани на граничните премини.
Од вкупниот број случаи, 1.144 се поврзани со патувања во странство, се наведува во соопштението.
На респиратор се осум пациенти, пренесува АНА.
Од почетокот на епидемијата во Грција починаа 201 лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.