Договорите на Грција со Италија и Египет за одредување на Ексклузивната економска зона, денеска ќе бидат разгледани пред парламентарната комисија за национална одбрана и надворешни прашања, а во среда ќе бидат ратификувани од Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.
На почетокот на август, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас итно замина за Каиро, за со неговиот египетски колега Самех Шукри да го потпишат договорот за одредување на Ексклузивната економска зона со Египет, по преговорите меѓу двете земји што траеа 15 години.
Договорот на Грција со Италија беше потпишан два месеци претходно, на 9 јуни во Атина, а Дендиас и министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо, тогаш рекоа дека е историски ден и историски момент за двете земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.