Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ синоќа ги отстранија Србија и Црна Гора од листата на земји за кои до сега важеше препораката дека може да се патува, надвор од границите на Шенген. Оваа забрана ќе трае најмалку две недели, а е последица на влошената епидемиолопка состојба овие две земји.

Отстранувањето на Србија и Црна Гора од листата на безбедни земји беше предлог на Германија, претседавач со ЕУ, а поддршка добила од Франција, Шпанија и Холандија.

Унгарија уште минатата недела соопшти дека од 15 јули воведува задолжителен 14-дневен карантин за патниците од Србија.

За ставање на САД на тнр. бела листа воопшто не станало збор поради наглиот пораст на слуучаите со ковид. Бил разгледуван и предлогот за отстранување и на Алжир и Мароко од оваа листа, но не е донесена одлука.

По исклучувањето на Србија и на Црна Гора, 13 земји ќе останат на листата на безбедни земји –  Алжир, Австралија, Канада, Кина, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. И покрај тоа што и Кина е на листата, патувањата ќе бидат дозволени само ако кинеските власти дозволуваат и посетители од ЕУ. Условот за реципроцитет не се применува во случај на другите наведени земји.

Сепак, листата на ЕУ е предлог и земјите-членки можат да одлучат и да не ја почитуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.