Од вчера, во државниот сектор во Грција повеќе нема да се користи пластика за една употреба, додека пак од јули, ќе се воведе во целата земја, согласно законот изгласан минатата година, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, државниот сектор повеќе не смее да набавува пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши итн.
Генералниот секретар од Министерството за животна средина и енергија на Грција Константинос Аравосис на крајот од декември минатата година испрати информативен допис до јавниот сектор со упатствата што се во сила од вчера.
Ова е првиот чекот кон целосно укинување на пластиката за еднократна употреба, што ќе започне од 3 јули, а поранешниот министер животна средина и енергија на Грција Костис Хаѕидакис, лани, презентирајќи го владиниот план рече дека целта е Грција да биде една од првите земји во Европската унија што ќе ја повлече пластиката за еднократна употреба, усогласувајќи се со директивите од унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.