Во камион натоварен со хром, во најголемото албанско пристаниште, Драч, се откриени и запленети 45,5 килограми хероин.
Врз основа на добиени информации, постојаната оперативна група која работи во пристаништето Драч, врши детална контрола врз моторните возила на излез и влез во пристаништето. При контрола на излез во втора линија, во товарно возило тип „сканија“, поточно во кабината на камионот, пронајдени се скриени 43 пакувања со хероин, со вкупна тежина од 45,5 килограми – се наведува во полициското соопштение.
Според полицијата, постојат основи на сомненија дека дрогата требало да заврши на италијанскиот нарко пазар.
Упсени се сопственикот на возилото, кој е од Драч, како и возачот, од градот Фиер. И двајцата негирале дека имаат каква било поврзаност со дополнителниот товар во камионот.
Во Драч на 18 јуни беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо, со крајна дестинација Италија, со кој управувал Н.А. македонски државјанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.