Во дом за стари лица на Светата Митрополија во западниот дел на Солун, се потврдени 22 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 15 кај лица згрижени во домот, а седум кај персоналот.
Одговорниот од домот за стари лица, свештеникот Георгиос Милкас, соопшти дека сите 15 заразени се на возраст од околу 80 години и имаат благи симптоми. Тие се хоспитализирани во три солунски болници, додека, пак, седумтемина вработени се во домашна изолација.
Во овој дом има вкупно 75 лица, од кои 45 згрижени стари лица, а останатите се персонал.
Ова е втор случај на ширење на корона вирусот во дом за стари лица во Солун во период од една недела. Минатиот вторник во друга ваква установа беа потврдени 36 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа шестмина од заразените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.