Поради зголемениот број на заразени лица од коронавирусот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Црна Гора ќе и предложат на Владата поостри ревидирани мерки во борбата против коронавирусот.
Според црногорските медиуми, новите мерки вклучуваат затворање на ресторани, кафулиња и задолжителен тест за влез во Црна Гора.
Според соопштението на Министерството за здравство на земјата, веќе во среда треба да започне поинаква организација на работата во здравствениот систем.
За потсетување, во Црна Гора од понеделник до вторник се регистрирани 1.120 нови случаи на заразени со Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.