Во Црна Гора досега се искористени 148.255 дози вакцини против корона вирусот, што значи дека вакцинирани се речиси една четвртина од населението во земјата..

Како што се наведува во соопштението на црногорското министерство за здравство, околу 113,5 илјади граѓани ја примиле првата доза од вакцината, додека скоро 35 илјади Црногорци се целосно имунизирани.

Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население отколку Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово кога станува збор за земјите од регионот и Бугарија како земја-членка на ЕУ, но и повеќе од Украина и Молдавија – се вели во соопштението.

Црна Гора првично доцнеше со набавка на вакцини за своите граѓани, па првите дози на руската вакцина „Спутник В“ ги доби на крајот на февруари како донација од Србија, а подоцна набави и други 50.000 дози вакцини на „Синофарм“ од Кина и 24.000 дози на „АстраЗенека“ во април.

Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализира животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки, додека на почетокот на мај го укина полицискиот час. Сепак, носењето маски на отворено и во затворен простор е сè уште обврска за сите Црногорци постари од пет години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.