Двајца свештеници од СПЦ во црногорската општина Бијело поље синоќа биле повикани на информативен разговор, поради присуство на протестен собир два часа претходно.
Подгорички „Вијести“ јавија дека освен нив, на информативни разговори повикани се повеќе граѓани кои присуствувале на протестот поради спорниот Закон за слобода на вероисповед.
Пред спонтаниот собир на градскиот плоштад во Бијело поље граѓани со автомобили со труби кружеа по улиците на градот, наведуваат „Вијести“, со напомена дека насобрнаите граѓани ниту носеле заштитни маски, ниту држеле потребна дистанца.
Од СПЦ во Бијело Поље соопштија дека не стојат зад организацијата на протестот и оти повеќе свештеници излегле на улиците откако дознале за протестоти со цел да оневозможат евентуални нереди.
Вчера попладне, полицијата во Никшиќ, по налог на црногорското обвинителство, на сослушување приведе седуммина свештеници од СПЦ поради кршење на мерките на Нционалното координативно тело, а по одржана литија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.