Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска соопшти дека од 2.000 ПЦР тестови кои биле испратени на обработка во Германија, дури 475 биле позитивни.

Институтот ги испратил тестовите во Германија бидејќи во Црна Гора нема доволно капацитет и на резултатите од тесирањата се чека и по седум дена.

Освен резултатите од Германија, денеска се регистирани уште 64 новозаразени, така што со оние 475 вкупната бројка е 539. Според Институтот, активни случаи на ковид-19 во Црна Гора има 1.453.

Од средина на јуни починале уште 16 лица, а 33 оздравеле.

Минатиот четврток, на 9 јули, имаше 59 заразени и 680 активни случаи, а од средината на јуни до тогаш имаше 10 починати.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.