Црна Гора речиси еден месец без ниту еден заразен со коронавирус.

Земјата 28 дена официјално нема регистрирано случаи на заразени со Ковид-19.

Институтот за јавно здравје соопшти дека од вчерашниот пресек анализирани се 86 примероци за коронавирусот.

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата регистрирани се 324 случаи на заразени, оздравеа 315, а девет починаа.

Премиерот Душко Марковиќ на 25 мај објави дека не се регистрирани потврдени случаи.
Црна Гора планира утре да се прогласи за ослободена од коронавирус според упатствата утврдени од Светската здравствена организација (СЗО).

Словенија го стори истото неодамна, но сепак подоцна пријави нови случаи.

Иако епидемијата во Словенија е прогласена за завршена, можноста за втор бран на заразата и понатаму е вистинска опасност, па на граѓаните им се препорачува секогаш и секаде да имаат маска при рака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.