Уште двајца бугарски парламентарци имаат позитивен тест на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централно-десничарска партија ГЕРБ, Даниела Дариткова и друга членка на оваа партија, Даниела Малешкова. Позитивните тестови беа пријавени еден ден откако на сите бугарски законодавци им беше речено да бидат тестирани. До ова дојде откако Хасан Адемов, член на централно-десничарското движење за права и слободи, беше позитивен на тестот за КОВИД-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.