На Фејсбук страницата ВМРО младежи-Русе е објавено видео како се пали македонско  и српско знаме.

Бугарските медиуми пишуваат дека авторот на страницата е од  Митровица и оти таа е создадена пред неколку денови.

Трајан Тотев од младинската органиција ВМРО на Красимир Каракачанов смета дека ова е една обична провокација.

Ова видео предзизвика многу внимание на социјалните мрежи дали навистина е снимено во бугаркиот град Русе и оти се работи за провокација во период кога се затегнати македонско-бугарските односи поради условите од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.