Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирано население во ЕУ, денеска пријави рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од коронавирус.

Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци.Досега од Ковид-19 починале 23.316 луѓе во земјата, која има околу седум милиони жители.

Бугарија воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни места поради ширењето на инфекцијата и слабата покриеност со вакцинација.Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14 ноември.Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од населението, додека просекот во ЕУ е 74 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.