Во последните 24 часа во Бугарија е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 221, а заразени се уште 2.814 лица, објавено е на официјалната интернет страница за следење на епидемијата.
Од последниот пресек тестирани се 6.825 примероци, а процентот на позитивни е 41,23 отсто.
Во моментов има 90.700 активни случаи.
Во болниците има 6.783 пациенти, од кои 457 се на интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразиле вкупно 145.300 лица, од кои 4.035 починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.