Вакцинацијата со вакцината АстраЗенека во Бугарија е привремено прекината поради смрт на жена на возраст од 57 години, објави во Пловдив министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

Жена од село Јоаким Груево почина во својот дом откако вчера напладне беше вакцинирана во здравствениот дом во градот Стамболијски, изјави бугарскот министер. Таа починала во текот на ноќта.

Прекинувањето на вакцинацијата е превентивна мерка за да се осигураме, и по заклучокот на лекарите од судска медицина да се донесе конечна одлука за тоа како да се продолжи со вакцинацијата со АстраЗенека, додаде министерот за здравство на Бугарија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.