Во последните 24 часа во Бугарија починале 153 луѓе, а Ковид-19 е потврден кај 3.475 од направени 9.056 теста. Од почетокот на епидемијата во земјата има вкупно 4.188 жртви од корона вирусот.

Бројот на позитивни случаи е 148.775, а активни се 91.587. Во болниците има 493 лица на интензивна нега.

Најмногу нови инфекции има во двата најголеми града,  во Софија 722, а во Пловдив 355.

До крајот на оваа недела во Бугарија треба да пристигнат фрижидерите каде што треба да се чуваат вакцините на „Фајзер“. Според бугарскиот министер за здравство вакцината на „Фајзер“ треба да стигне во Бугарија околу Нова година. Во првата фаза ќе се вакцинираат само ризичните групи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.