Иако новите инфекции од корона во Бугарија се во мал пад последниве денови, сепак бројот на заболените и починати и натаму е многуи висок. Во изминатите 24 часа има 4.662 случаи од 39.333 тестови со што примерокот на позитивни изнесува е 11,8 отсто. Огромен број од новозаболените, дури 86,1% се невакцинирани.

Во последниот ден има 166 починати, а од нив 90,3% не биле имунизирани. Вкупниот број на жртви во Бугарија е 24.755.

Бројот на хоспитализирани исто така останува висок – 8.372. На интензивна нега се 710 пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.