Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 2.001 случаи на корона вирус. Тие беа идентификувани со 36.702 тестови. Тоа значи дека речиси 5,50 отсто од тестовите биле позитивни.
Над 80 отсто од новозаболените лица не се вакцинирани.
Во последните 24 часа починале 157 лица. Повеќе од 94 отсто од нив не се вакцинирани.
Вкупниот број на починати во Бугарија од корона вирус е 30.239.
Во Бугарија има 95.827 активни случаи, од кои 4.452 лица се хоспитализирани, а 506 на се на одделенијата за интензивна нега.
Бројот на хоспитализирани во болниците во последните 24 часа е 630. Речиси 87 отсто од нив не се вакцинирани.
Во последните 24 часа се дадени 15.025 дози вакцина против Ковид-19
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.