Во болница во Благоевград утрово почина 51-годишна жена како последица од Ковид-19, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Жената имала астма. Додека синоќа во болница починала и нејзината 71-годишна мајка, која исто така била инфицирана со новиот коронавирус.

Во Бугарија досега 338 луѓе се позитивни на новиот коронавирус, од кои седум починаа, а 11 оздравеле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.