Директорот на бугарската Извршна агенција за лекови, Богдан Кирилов, на брифинг во Советот на министри најави дека до крајот на јуни, во Бугарија треба да бидат доставени 3,5 милиони дози вакцини против Ковид-19 од производителот „Фајзер“, 450.000 дози од производителот „Модерна“, милион дози од производителот „Астра-Зенека“ и половина милион дози од производителот „Јансен”.

Според Кирилов, овие достави ќе овозможат забрзување на процесот на вакцинација.

За време на брифингот, претседателот на Националниот штаб за вакцинација, Красимир Гигов, соопшти дека досега се вакцинирани вкупно 620.375 Бугари и дека сите вакцини доставени во Бугарија се користат веднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.