Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 1.959 нови случаи на заразени со корона вирус, а починале 191 пациент.
Тестирани се 6.113 лица.
Во моментот има 7.034 пациенти во болниците, од кои 570 се на интензивна нега.
Заразени се 8.178 медицински работници, а земјата се соочува со недостиг на персонал во болниците, поради што се ангажирани волонтери, вклучително и студенти по медицина и општи лекари.
Од почетокот на епидемијата, во Бугарија се заразени вкупно 186.240, а починале 6.196 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.