Во Бугарија за првпат е изолиран британски сој на корона вирусот со мутација карактеристична за бразилската варијанта.
Како што соопшти бугарскиот Национален центар за заразни болести, мутацијата К417Т е откриена при клинички анализи земени од различни места во државата.
Мутацијата К417Т е типична за бразилската вирусна варијанта П1 позната и како Б.1.1.28.1 или „20Ј/501Y.V3“.
Мутацијата е откриена кај маж на возрасна група 80-90 години од Софија кој бил хоспитализиран во неделата 26-30 април 2021. Како што јавија бугарските медиуми, пациентот починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.