Владата на Федерацијата БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува препорачаното растојание.

Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб и таа е конечна, соопшти Владата на БиХ.

Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските станици.

Исто така, се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100.000 жители, додека ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и Посавскиот кантон е особено загрижувачка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.