Делта сојот на коронавирус е регистриран во Босна и Херцеговина, потврдил за „Аваз“ Ријад Коњоџиќ од Центарот за генетска дијагностика АЛЕА од Сараево.

Примерокот е испратен од Меѓугорје. Станува збор за туристи од странство кои се позитивни на коронавирус, кои од Шпанија дошле во Меѓугорје.

Имаме два потврдени случаи и уште три сомнителни случаи – навел Коњоџиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.