Во изминатите 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 324 нови случаи на заразени со коронавирус, што е најголем број од појавувањето на вирусот во март годинава.

Во изминатите 24 часа, во Федерацијата на БиХ беа тестирани 1.209 примероци, од кои 190 беа позитивни за САРС-КоВ-2, објави Институтот за јавно здравје на Федерацијата на БиХ.

Во Федерацијата на БиХ досега се тестирани 78.221 примероци, а потврден е новиот коронавирус кај 5,082 лица. Во моментов има 2.750 активни случаи.

Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, во последните 24 часа, тестирани се 653 лабораториски примероци во Институтот за јавно здравје на РС, Универзитетскиот клинички центар на РС и универзитетската болница Фоча, а нов коронавирус е потврден кај 134 лица.

Се работи за 68 машки и 66 женски лица, од кои 37 се помлади, 82 средовечни и 15 постари.

Досега се потврдени 3.898 случаи на коронавирус во Република Српска, а починале вкупно 149 лица кај кои е потврден тест за новиот коронавирус, се огласи претходно Институтот за јавно здравје на РС.

Вкупниот број хоспитализирани лица е 249, во УКЦ РС 59 и во општите болници 190.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.