Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 728 позитивни на корона вирус, а починале 38 пациенти.
Во Федерацијата се тестирани 2.346 примероци, од кои 472 биле позитивни. Вкупно во Федерацијата се тестирани 329.743 примерови, а корона вирусот е потврден кај 69.935 луѓе. Активни се 17.260 случаи.
Во федерацијата има забележани и 17 нови смртни случаи, со што вкупната бројка на жртви се искачи на 2.093.
Во Република Српска во последните 24 часа има 233 позитивни на вирусот, а тестирани биле 838 примероци.
Пријавени се 18 смртни случаи или вкупно од почетокот на епидемијата 1.664.
Досега во РС вкупно има 35.829 потврдени позитивни случаи, а оздравеле 22.018 луѓе.
Во Брчко има уште 23 нови случаи, а тестирни биле 79. Починале тројца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.