Во четвртокот со 119 случаи забележан е вториот најголем број на заразени со корона вирус од почетокот на епидемијата во Босна и Херцеговина од месец март годинава, објавија во денеска здравствените власти на оваа земја.

Во последните 24 часа во Сараево се откриени 17 случаи позитивни на тестирањето, а следува Бања Лука со 16 лица заболени од Ковид-19. Поголем број заразени забележан е во Република Српска со 62 лица, а во Федерацијата БиХ пак, регистрирани се 57 заразени.

Во Федерацијата БиХ до сега се тестирани 50 815 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 1 732 лица. Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ оздравеле 1 012 пациенти, додека моментално активни се 671 случај заболени, се наведува во соопштението на Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ.

Во последните 24 часа забележани се и два смртни случаи. Од институтот за јавно здравје на Република Српска известуваат дека најголемиот број на заразени се однесуваат на локална трансмисија, а постојат и случаи каде вирусот е пристигнат од странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.